Во текот на јануари во земјава во поголемиот дел е наврнат дожд над просекот, а и измерените температури се над просечните за овој месец од годината. Јануари најдождлив бил во 1963, 1966, 2003 и 2009, а најтопол во 2007. Меѓу првите 10 бил и во 1994, 1997 и 2014 година.
Најмногу дожд е наврнат во Маврово, Демир Капија и Крива Паланка. Мерењата на УХМР покажуваат дека во Маврово се измерени 116 литри, Демир Капија 100,7 и Крива Паланка 97,4 литри. Под просекот се наврнати во Охрид и Битола.
Отстапувањата во првата декада на врнежи значително е под просекот, но тие го надминаа просекот во третата декада во месецот каде отстапувањата се движеа од еден во Охрид до шестпати во Крива Паланка и во Демир Капија.
На 24 јануари во Крива Паланка се измерени 55,9 литри, што претставува апсолутно најголема измерена дневна количина на врнежи во јануари во оваа мерна станица од 1951 година.
Измерените температури на воздухот во јануари се движеа од -1,8 во Маврово до 5,7 во Гевгелија и претставуваат повисоки од многугодишните просечни вредности за 0,1 степен во Прилеп до 2,1 степен во Демир Капија.
Во првата деката од месецот вредноста е под просечните за овој период од годината и отстапувањата се движеа од -1,8 во Струмица до -4,9 во Прилеп. Додека во третата декада имаме позитивни отстапувања кои се движат од 1,1 во Маврова до 5,3 степени во Демир Капија.