Избегнување на вакцинации наспроти научните докази

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Додека американските организации обезбедуваат вакцини за имунизација во земјите во развој, некои родители во САД одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Еден од резултатите е избивањето на епидемија на мали сипаници во Калифорнија.

Здружението за вакцинација Гави очекува американската влада во вторник да соопшти дека одобрила милијарда долари за вакцини. Гави обезбедува вакцини за земјите во развој. Истовремено, во САД многу родители одбиваат вакцинација за своите деца, поради епидемијата од мали сипаници во јужна Калифорнија каде се разболеле 68 лица меѓу кои има и мали деца.

Почна во Дизниленд, кој често се претставува како најсреќно место на светот. Од 1 јануари исто така познато е како место на кое се појавиле малите сипаници во САД, што може да има далекусежни последици, пренесе Глас на Америка.

Малите сипаници се многу заразни. Можат на децата да им го одземат слухот, видот, дури и животот. Сепак, голем број на американски родители, меѓу кои и многу од нив во Калифорнија, не сакаат да ги вакцинираат своите деца. Тие како причина го наведуваат стравот од споредни ефекти вклучувајќи и аутизам. Меѓутоа, специјалисти како др. Марта Ривера велат дека не постои врска меѓу аутизмот и вакцините:

– Нема ризик од аутизам, тоа е докажано, сите фактори на страв се отстранети.

Некои од најголемите светски експерти за инфективни болести велат дека вакцините се делотворни не само медицински, туку и во финансиска смисла, бидејќи ги намалуваат трошоците и го елиминираат проблемот за лечење на болести кои можат да се спречат.

Доктор Ентони Фаучи зборуваше за тоа во едно претходно интервју за Глас на Америка: – Ако треба да изберете една интервенција, ако ја споредите инвестицијата која сте ја направиле во истражување и примена со здравствените благодети, вакцините ќе бидат или на врвот на листата, или во голема мера до врвот.

– Вакцините се меѓу најделотворните и најисплатливите интервенции кои постојат – се согласува Сет Беркли од Здружението за вакцинација Гави.

Во Сомалија, програмите за вакцинација се причина за славје. Од своето основање пред 15 години, Гави оценува дека вакцинирале над 500 милиони деца, и како резултат на тоа спасиле над 6 милиони млади животи ширум светот. Гави планира да имунизира над 300 милиони деца во следните неколку години.

Во меѓувреме во САД експертите велат дека детските болести станале многу ретки, поради делотворноста на вакцините. Во таа смисла, вакцините се производ на сопствениот успех.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он