Минатата година била најврнежлива во Македонија во последните 64 години со речиси три пати повеќе дожд за разлика од претходните години, велат хидрометеоролозите.
Гевгелија е градот рекордер во 2014 година по наврнат дожд со измерени 1.161 литар на метар квадратен или количина поголема од 150 до 800 литри по метар квадратен за разлика од другите градови на годишно ниво.
Просечните годишни врнежи во Гевгелија изнесуваат 484 литри на метар квадратен, а пред рекордната 2014 во Гевгелија најврнежливи биле 2002, 2009 и 2010 година.
Најмногу дожд во текот на едно деноноќие евидентиран е исто така во Гевгелија на 4-ти јуни 2004 година кога наврнале рекордни 201 литар на квадрат.