Од четврток вечер нов влажен бран

Од:

Од четврток вечер Македонија ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од запад поради што во текот на ноќта и в петок се очекуваат нови пообилни врнежи претежно од дожд. На планините врнежи ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Преку ноќта и во утринските часови в петок врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а во текот на денот поради поместување на облачната маса на исток, пообилни врнежи се очекуваат во источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.

Повремено ќе дува засилен ветер претежно од западен правец.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски