МСП: Србија не е виновна за геноцид

Од:

Меѓународниот суд на правдата ја отфрли тужбата на Хрватска против Србија за извршен геноцид на хрватска територија од 1991 до 1995 година.

Како што наведе претседателот на судот Петр Томка, тужбата на Хрватска се отфрла бидејќи не се докажани обвиненијата дека е извршен геноцид.

Словачкиот судија за време на читањето на пресудата рече дека Србија не може да биде одговорна за дела извршени пред 27 април 1992 година, поради тоа што СРЈ дури тогаш станала членка на Обединетите нации и потписничка на Конфенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид.

Тој наведе дека голем дел од сведочењата кои ги изнела Хрватска пред судот имаат недостатоци, како и дека бројни полициски записници предадени на судот се без потпис од лицата кои ги двале изјавите.

Што се однесува на контратужбата, Томка рече дека МСП оцени дека таа е втемелена и врзана фактички и правно за основната тужба.

Бидејќи Хрватска станала потписничка на Конвенцијата на 8 октомври 1991 година делата извршени во 1995 година, односно за време на „Бура“ се опфатени со Конвенцијата, а за тоа дали судот утврдил дали имало геноцид ќе биде соопштено подоцна.

Пресудата на МСП е конечна и обврзувачка за сите членки на ОН и државите имаат обврска да постапат по неа а немаат право на жалба на одлуката.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он