(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

Од:

Во јавноста во Хрватска протече видео снимка на која министерот за земјоделство и актуелен вицепремиер Јосип Дабро пука со девет истрели од пиштол ХС-2000 низ отворен прозорец додека се вози во приватен автомобил.

Според она што може да се види на видеото, Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобилот и лежерно е облечен во шорцеви и маичка, што навестува дека видеото е снимено во текот на летото.

Во позадина се слуша народна музика.

Се чини дека пукал во близина на населено место бидејќи низ прозорецот се гледаат уличните светилки, а во еден момент се гледа и куќа.

Преку прозорецот тој испука девет истрели од пиштолот. Потоа го става пиштолот во близина на совозачкото седиште каде што седи и вели: „Поздрав, брат Марио, добра ноќ“.

Засега нема реакција од Владата.

Инаку вицепремиерот Дабро ја потврди автентичноста на снимката.

„Тоа е видео од пред неколку години, а јас пукав од пиштол со маневарски куршуми, тоа беше приватна прослава, можеби дури и раѓањето на синот на мојот брат, а видеото го испратив исклучиво на нашата пријателка Марија Радиќ и никому друг“, изјави Дабро за „Јутарњи“ и додаде дека нема да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски