Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Охрид

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Охрид – 11 литри на метар кадваратен, пет во Дебар, четири во Гевгелија, три во Струмица, Берово, Пожаране, два во Скопје – Зајчев рид, Крива Паланка и Претор, и по еден литар во Куманово, Тетово, Виница, Пожаране.

Во 7 часот изутринава најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 65 сантиметри, во Крушево наврнале 48 сантиметри, во Охрид, Претор и Пожаране по 12 сантиметри, четири во Крива Паланка, и по два во Дебар и Пожаране. Во Берово, Виница и Тополчани изменерени се по еден сантиметар снег.

Времето утрово есончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Маврови Анови се измерени – 7 степени Целзиусови, – 4 во Крушево, -2 Крива Паланка и Претор, -1 во Берово, Дебар, нула во Битола, Охрид и Куманово, еден Прилеп, два степени во Скопје, Тетово, Штип, Д. Капија, Струмица и Виница, до три степени во Кавадарци и Дојран.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а на моменти ќе има и засилување на ветерот. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, со слаб до умерен ветер од северен правец и температура околу 8 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови делови, при што околу пладне и попладне врнежите ќе поминуваат во дожд освен на пониските и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено во источните делови од земјава. Во четврток преку денот, повторно ќе има преодно стабилизирање на времето. Но, ноќта четврток кон петок и петок претпладне ќе има нов поинтензивен влажен бран со врнежи претежно од дожд, на планините снег. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер. За време на викендот ќе преовладува променливо време со повремен слаб локалн снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска