А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Снег на планините и на некои пониски места

by А1он01/02/2015 - 11:3990
Share0

Во текот на ноќта Македонија беше зафатена од врнежи од снег и дожд кои создадоа снежна покривка на планините и на некои пониски места.

Добивај вести на вибер

Според Управата за хидрометеролошки работи, во Маврови Анови висината на снежната покривка изнесува 59 сантиметри, во Крушево 51, Тополчани 45, Пожаране 21, Охрид и Претор 11, Тетово и Ѓуриште 10, во Скопје на Зајчев Рид и во Прилеп 5 сантиметри.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Крушево 80 литри на метар квадратен, во Охрид 61, Прилеп 57, Пожаране 50, Тополчани 47, Претор 46, Битола и Демир Капија 45, Тетово 41, Штип, Дојран и Пожар 40, Скопје 37, Крива Паланка и Берово 35, Куманово 31, Струмица 30, Гевгелија 28, Виница 27, Ѓуриште 23….

Денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, а од градовите сеуште врне снег во Скопје и Тетово. Во Осоговскиот регион дува засилен северозападен ветер.

Пообилни врнежи ќе има претпладне во јужните делови, а во текот на денот ќе бидат повремени и со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој на моменти локално ќе достигнува брзина до 80 км/час.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен