Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе паѓа снег.
Пообилни врнежи ќе има претпладне во јужните делови, а во текот на денот ќе бидат повремени и со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој на моменти локално ќе достигнува брзина до 80 километри на час. Во западните предели ќе дува и умерен југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 14°C
И наредните денови можеме да очекуваме променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.