Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои претпладне ќе бидат пообилни и локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.
Ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.
Температурата ќе се движи од два до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер.
Температурата до 12 степени.