ВИДЕО: ФБИ дава 50.000 долари за информација за најопасниот терорист

Од:

Хаџи Мохамед (29) од Либан, за помалку од три години од возач на такси во Вашингтон, стана најбаран терорист на листата на ФБИ, за кого е понудена награда од 50.000 долари за каква било информација.

Федералното биро вели дека Мохамед е обвинет за пружање материјална поддршка на сомалиската група Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.

Според наводите на ФБИ, тој летото 2012 година ги напуштил САД и се обидел да се приклучи на Ал Шабаб и од тогаш по него е започната потрага.

– Не само што одлучил да се бори за Ал Шабаб, туку одиграл и важна улога во обидите да регрутира борци за оваа терористичка организација – вели Карл Гатас, специјален агент задолжен за борба против тероризмот во вашингтонското одделение на ФБИ.

Инаку во извештајот на Федералнот биро се наведува дека е можно Мохамед да користи неколку лажни имиња, дека зборува англиски, сомалиски и арапски јазик и дека е висок околу 182 сантиметри, со тежина околу 90 килограми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас