До 15 во месецот мора да се платат давачките за хонорарите

Од:

За сите хонорари кои се исплаќаат по 1 јануари 2015 година, давачките кон државата треба да се подмират најдоцна до 15 во месецот за претходниот месец, без разлика дали на хонорарецот му се исплатени или не парите, информираат од УЈП.

-Укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок. Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен, велат од УЈП.

За кои договори постои обврска за плаќање на придонеси?

Screenshot_10

Обврската за пресметување и уплата на придонесите не се однесува на договорите кои се реализирани заклучно со 31.12.2014 година, а за кои исплатата на приходите за извршената работа/услуга е во 2015 година.

За договори склучени во период пред 01.01.2015 година кои продолжуваат со важност на извршување и по 01.01.2015 година, постои обврска за пресметување и плаќање на придонеси.

Од УЈП објаснуваат и со табели кои лица и во кој случај имаат обврска за плаќање на придонеси.

Screenshot_6

Од Управата на нивната веб страница го објавија и клиентскиот софтвер за пресметка во кој ќе бидат вградени сите новини во врска со пресметките на придонесите за договорите за дело и авторските договори, како и насоки за поднесување на пресметките. За сите хонорари кои се повисоки од минималната плата, или за збирот на повеќе хонорари кои ја надминуваат минималната плата ќе треба да се издвои и 18 проценти за пензиско и инвалидско осигурување, и 7,3 проценти за задолжително здравствено осигурување, или вкупно 35,3 проценти.

Screenshot_7
Screenshot_9

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет