Најстариот африкански претседател, 90-годишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе, избран е денеска за нов претседавач на Африканската унија.
Мугабе на оваа функција ќе го замени досегашниот претседавач, претседателот на Мавританија Мохамед Улда Абдул Азиз.
Мугабе, некогашен херој за ослободување на Зимбабве, ужива големо почитување на африканскиот континент, но нема дозвола за влез ниту во САД ниту во ЕУ, поради наводна суровост кон политичките противници во својата земја.
На тековниот дводневен годишен самит на АУ, што се одржува во главниот град на Етиопија, покрената е иницијатива да се формираат регионални трупи од 7.500 војници од пет земји, за борба против исламистичката група Боко Харам, која во последните години извршила голем број злодела во Нигерија, но и во околните земји.