Видодо ја губи популарноста, но ја зајакнува Индонезија

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо кој според анкетите уживаше над 77 отсто поддршка на јавното мислење, загуби речиси половина од популарноста по првите сто дена одстапувањето на должност, но и неговите политички противници признаваат дека направеното – наместо потези за одржување на популарноста политички и економски ја зајакнува 250 милионската Индонезија.

Најголем дел од незадоволните испитаници во повеќето анкети го обвинуваат новиот претседател за драстичното намалување на државните субвенции на цените на горивата. Индонежаните трошат најевтини бензини и гас во овој дел на Азија, но од државниот буџет за субвенции се издвојуваат над 40 милијарди долари годишно. Јокови реши наместо субвенции за горива тие средства да се инвестираат во модернизација на инфраструктурата, особено на пристаништата и аеродромите, чија состојба е сопирачка на економскиот развој со амбициозна цел во 2020 година Индонезија да има БДП од над две илјади милијарди долари.

Претседателот Видодо, соочен и со незадоволството на постарата политичка гарда од својата и коалиционите партии што му ја овозможија победата на минатогодишните избори, неколку пати изјави дека не му е најважна неговата лична популарност. Поставувањето на успешни бизнисмени и дипломати од помладата генерација за министри и директори во државните петпријатија не им беше по воља на неговите постари политички спонзори, кои тоа и јавно го искажуваа, но Јоко Видодо одолеа на притисоците.

Единствен политички пропуст од поголеми размери е предлогот за избор на нов шеф на националната полиција, за кого моќната Агенција за борба против корупцијата изрази сомнежи дека примал мито. Видодо се уште не го повлекува овој предлог, но има најави дека сепак ќе попушти.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници