Уште 15 дена рок за Канал 77 и Класик ФМ

Од:

Советот за радиодифузија на радијата Канал 77 и Класик ФМ има даде рок уште петнаесет дена да ја сменат сопственичката структура како што предвидува членот 11. од Законот за радиодифузија. Во спротивност, ќе им биде одземена дозволата за работа.

На денешната седница беше одбиено барањето на сопственикот на Канал 77, за смена на сопственичка структура на радиото на неговиот син.

За СРД е спорно тоа што, освен што сестрата на Гаврилов е пратеник во Собранието на РМ, неговата сопруга била сестра со сопругата на актуелниот амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов.

Кај радиото Класик ФМ било утврдено дека сопствениците била во роднинска врска со амбасадорот во НАТО, Мартин Треневски.

Промената на сопственичката структура на Канал 5 телевизија со новиот сопственик Вања Гавриловски, денеска беше прифатена од Советот, а за Сител телевизија не се расправаше, бидејќи согласно законот, сопственикот на телевизијата Љубисав Иванов Ѕинго се повлече од функцијата пратеник во македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март