За 12.000 хонорар, на државата треба да и’ се плати повеќе од 6.000 денари придонеси

Од:

На вчерашниот семинар за пресметка на трошоците за хонорарно ангажираните лица, на кој учествувале авторските агенции и претставници од Фондот за пензиско осигурување, Управата за јавни приходи (УЈП) и од Фондот за здравствено осигурување, биле претставени новите пресметки според изменетите законски решенија.

Како што дознава „Мета“, пак, пресметките предизвикале загриженост поради сумата која за придонеси треба да ја платат хонорано ангажираните лица.

Имено, во направената пресметка, која, им била доставена на обичен бел лист хартија, стои дека за сума од 12. 000 денари треба да се платат придонеси од 6.547 денари. Според познавачите, тоа е за 1.396 денари повеќе отколку за трошоците кои треба да се плати за редовно вработени лица.

Тоа, напишано на лист хартија, изгледало вака:

Пресметка на бруто износот на надоместокот по основ на договор на дело во нето износ 12.000 ден

Нето надомест 12.000

Бруто надомест 18.547

Вкупно данок и придонеси 6.547

Персонален данок 1.855

Придонес за ПИО 3.338

Придонес за здравство 1.354

Пресметка на бруто плата со актуелни стапки за придонеси во нето нето износ 12.000 ден

Нето плата 12.000

Бруто плата 17.151

Вкупно данок и придонеси 5.151

Персонален данок 520

Придонес за ПИО 3.087

Придонес за здравство 1.252

Придонес за завод за вработување 206 ден.

Дополнително здравствено осигурување 86 ден.

Инаку, според последните измени во Законот за хонорарните работници, е предвидено да се плаќаат 35 проценти од хонорарот за придонеси и за даноци наместо сегашните 10 отсто само за персонален данок. Но, со овие пресметки кои вчера ги добиле авторските агенции, износот на трошоци е поголем од 50 проценти. Тоа предизвика уште една забуна кај сметководителите, кои и онака беа во недоумица како да ги пресметаат давачките.

Хонорарите за јануари ќе доцнат поради некоординираноста на институциите. Од авторските агенциии тврдеа дека од ПИОМ добиле известување, во кое се бара од нив да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата на УЈП не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките.

Денеска, пак, само два дена од истекот на последната работна недела од јануари, УЈП на својата веб-страница го постави новиот модел за пресметка на минимална плата, чија основица е потребна за изработка на трошоците за хонорарно ангажираните лица.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска