Атина ќе го потсети Шулц дека нејзината позиција мора да биде земена предвид

Од:

Не може да постои консензус без дијалог и договор меѓу земјите-членки, изјавиле владини извори за грчката државна новинска агенција коментирајќи ги изјавите на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на германската телевизија за ставот на Атина во врска со изјавата за Русија.

– Шокантно е што Грција се издвои од заедничката позиција на ЕУ во врска со Русија. Не може од една страна да бараш Европа да покаже солидарност со твојата земја, како што прави господинот Ципрас, а потоа првиот официјален чекор да ти биде „минирање“ на заедничкиот европски став, изјави вчера Шулц.

Истите извори, како што јави дописникот на МИА од Атина, истакнале дека претседателот на ЕП, кој денеска е во посета на Грција, не треба да го поврзе прашањето со финансиските проблеми и додале дека прашањето за Русија се уште е отворено со оглед на тоа што во Брисел има средба на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Некои светски медиуми јавија дека се очекува Шулц да го предупреди Ципрас да не носи еднострани одлуки за надворешнополитички прашања поврзани со ЕУ.

Новата грчка Влада уште од првиот момент го претстави својот очигледен став дека Грција треба да се третира како рамноправен член и Атина нагласува дека нејзината позиција треба да биде земена предвид.

Во врска со посетата Шулц на Атина и средбата со премиерот Алексис Ципрас, грчки владини извори велат дека тие ќе разговараат за прашања кои се однесуваат на хуманитарна криза, одржливоста на долгот и потребата да се промовира политика која ќе биде во полза на раст и вработување.

Шулц би требало да се сретне и со поранешниот премиер Андонис Самарас, како и со лидерите на опозицисите партии Потами и ПАСОК.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска