Борбата против џихдистите од Исламска држава се води и на социјалните мрежи, а 18 илјади налози на Твитер поврзани со оваа група се супендирани изминатите месеци, изјави американскиот експерт Џеј Ем Бергер.
– Приврзаниците на ИД „се под голем притисок, а најактивните меѓу нив се најчести цели за затворање на нивните налози, вели Бергер од Брукингс институтот, кој се занимава со следење на исламистите на социјалните мрежи.
Од минатата есен Твитер затвори речиси 800 налози, но тоа би можело да биде само „врв на сантата мраз“, бидејќи 18 илјади налози поврзани со џихадистите се суспендирани во истиот период, покажуваат податоците, кои ги собрал Бергер, заедно со експертот Џонатан Морган.
ИД до неодамна релативно без проблеми дејствуваше на социјалните мрежи. Меѓутоа откако ИД во август минатата година ја објави снимката од бруталното погубување на американскиот новинар Џем Фоли, Твитер, Фејсбук и Јутјуб воведоа построги правила против „оние кои го поддржуваат тероризмот“.