Вашингтон: Изградбата на „Турски поток“ отвора дилеми

Од:

Одлуката на Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“ на место претходно планираниот „Јужен поток“, отвора дилеми во САД, изјави помошникот американски секретар за енергетика задолжен за меѓународни односи Џонатан Елкајнд.

– „Јужен поток“ никогаш не беше само економски проект. Сега останува да се види која е идејата на Русија со изградбата на „Турскиот поток“. Тоа пред нас отвора дилеми дали тоа што еден проект кој никогаш не беше само економски се заменува со друг е само економска мерка или во прв план е нешто друго, изјави Елкајнд во обраќање во Научно-истражувачкиот центар „Вудроу Вилсон“ во Вашингтон.

Нагалсувајќи дека одлуката на Русија да се откаже од реализација на проектот „Јужен поток“ претставувало „изнендаување за многумина“, Елкајнд додаде дека останува да се види која е идејата на Москва со планот за изградба на „Турскиот поток“.

Рускиот претседател Владимир Путин на 1 декекмви минатата година за време на посетата на Анкара, соопшти дека Русија се откажува од проектот „Јужен поток“ и најави подготвеност на Москва за изградба на друг гасовод за дистрибуција на руски гас за Турција.

Според најавите од „Газпром“, преку „Турскиот поток“ треба да се дистрибуираат 63 милијарди кубни метри гас, што сега се доставуваат преку територијата на Украина.

Претседателот на Советот на директори на „Газпром“, Виктор Зубков вчера изјави дека одлуката за изградба на „Турскиот поток“ била донесена од највисокото политичко раководство на Русија.

– „Турски поток“ ќе гарантира дистрибуција на истото количество на гас што сега се транспортира преку Украина, изјави Зубков.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска