Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев ја искоментира изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија може да најде алтернатива за Бугарија доколку се отежнува изградбата на гасоводот „Турски поток“.

-Не мислам дека треба да поаѓаме од заканите на господинот Путин. Мораме да поаѓаме од сопствените интереси, нашите амбиции- дали Бугарија може да остане на европската карта на транзитот на гас по неуспехот на „Јужен поток“, рече Радев за бугарската телевизија БТВ.

Според него, владата од своја страна вложува напори, но важно е да се сфати дека таквото одолговлекување има своја цена.

-Мораме да бидеме искрени, луѓето тоа мора да го знаат. Ние, Бугарите, даваме свои пари за рускиот гас да може да дојде до Европа, рече Радев.

Тој додаде дека Бугарија треба да направи анализа кога проектот ќе биде исплатлив.

-Слушам мислења дека тоа ќе се случи за 15 години. Петнаесет години е долг период, рече Радев и додаде дека за тоа време може да се изградат уште повеќе терминали за природен течен гас, и да се обезбеди диверзификација на испораките на гасот.

Изјавата на Путин, дека Бугарија намерно ја одложува реализацијата на проектот, Радев смета дека треба да ја искоментира владата.

Зборувајќи за купувањето на американските авиони Ф-16 бугарскиот претседател кажа дека, без разлика на кажаното од премиерот Бојко Борисов, дека Бугарија не е нити Србија, нити Турција, и дека процесот на реализација на „Турски поток“ бил транспарентен, купувањето на авионите не може да се нарече транспарентно.

-И што направи нашата земја кога тој (Борисов) одеднаш кажа-купуваме Ф-16, бидејќи мислам дека тоа не е најдобриот избор, па дури и целосниот износ го плати веднаш, се запраша Радев за БТВ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит