Од петок нов бран врнежи, можно нагло зголемување на водостоите

Од:

Позначителни врнежи и зголемување на водостоите на реките денеска и утре не се очекува со исклучок на местата каде што акумулациите превентивно ќе ја испуштаат водата за да ги прифатат евентуалните поплавни бранови во наредниот период, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозите, ќе има многу слаби врнежи од дожд кои поради студенето време на планинските места ќе бидат во вид на снег.

Во петок, во попладневните часови и во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и локално на некои места ќе наврнат повеќе од 40 литри на метар квадратен.

За сабота попладне се најавува нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд до 30 литри на метар квадратен.

Според УХМР, изминатите врнежи дожд и растопениот снег предизвикаа зголемување на нивото на подземните води и влажноста на почвата. Подземјето веќе е полно со вода поради што ќе нема доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи. Се очекува сливните подрачја брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.

Први на удар би биле помалите речни сливови каде што врнежите од дожд веднаш би се јавиле како отекување во реките. Исто така и поголемите сливови ќе бидат изложени на удар каде и покрај поголемите сливни површини се очекува брзо формирање на попланиот бран.

Првиот бран врнежи (петок спроти сабота) посебно се очекува да ги погоди западните и јужните краишта од државата и да предизвика зголемување на водостојот и можно излевање на десните притоки на Вардар и горниот дел од сливот каде критично може да биде во Полошкиот регион околу село Јегуновце каде што е можно излевање на реката поради топењето на снегот и надојдувањето на Шарските води.

Изложени на удар се очекува да бидат и сливот на Црна Река особено на потегот од Бучин до Скочивирската клисура. Се очекува поплавување во Пелагониската котлина и Прилепско Поле.

Првиот бран врежи ќе донесе зголемување на водостојот на реката Треска и потенцијална опасност од излевање на водата кај месноста Пласница, а можни се и заезерувања на површини во Охридско-Преспанскиот регион.

Поради високите температури и јужното струење на воздухот кои би го стопиле снегот се очекуваат високи водостои и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Кожуф (реките Бошава, Дошница, Стара, Кованска и Серменинска).

Се очекува дополнително зголемување на подземните води во Гевгелиско-Валандовската котлина и појава на заезерени површини.

Особено опасен и критичен, предвидува УХМР, може да биде вториот бран врнежи (во сабота спроти недела) кој ќе наиде на добро подготвена подлога и може да предизвика значителни излевања на реките и нивно поплавување.

Доколку се оствари временската прогноза за количината на врнежите, се очекуваат високи водостои и излевање на реките Црна, Треска и горниот слив на Вардар.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска