ИД назначи поранешен талибански лидер за свој командант за Пакистан и Авганистан

Од:

Екстремистичката група Исламска држава го назначи поранешниот талибански лидер Хафез Саид Хан за свој командант, надлежен за Пакистан и Авганистан, пренесе ДПА.

Овој потег се смета за обид на џихадистите да ја оспорат повеќе од 10-годишната хегемонија на Ал Каеда во овој регион како главна исламистичка група.

Хафез Саид Хан, поранешен командант на пакистанските талибанци, ќе ги предводи активностите на ИД во регионот, познат меѓу џихадистите како Хорасан, соопшти неделава во аудио порака на Твитер портпаролот на групата Абу Мохамед ал Аднани.

Според портпаролот, титулата му Хан ќе биде „гувернер на ИД за
провинцијата Хорасан“. Оваа огромна територија во себе ги вклучува Пакистан, Авганистан, делови од Иран и северозападната
кинеска провинција Синџијанг, во која доминатно население се муслиманите.

ДПА забележува дека ИД, која контролира широки делови од Сирија и Ирак, за првпат јавно зборува за својата намера да оствари влијание во овој регион.

Хан, за кого се смета дека е на возраст од над 40 години, беше командант на талибанците за областа во која живее племето Оракзај во Пакистан, пред да се судри со нив на почетокот на минатата година,
изјавија локални неименувани извори.

Автентичността на тонската порака не може да се утврди од независен извор.

ДПА потсетува дека неодамна неколку лидери на пакистанските талибанци се заколнаа на верност кон лидерот на ИД Абу Бакар ал Багдади, кој самиот се прогласи за калиф.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска