Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Преку денот ќе има услови за проврнување на дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од два до седум степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со услови за провејување слаб дожд и снег, особено во вечерните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утрово во седум часот измерена е минимална температура во Маврови анови -5, Крушево и Лазарополе -2, Крива Паланка, Претор и Берово 0, Охрид, Битола, Прилеп, Виница, Куманово и Дебар 1, Штип, Пожаране и Тетово 2, Скопје, Струмица и Кавадарци 3 и Демир Капија, Дојран и Гевгелија 4.
Утрово времето е облачно со слаб северен ветар, во Виница има појава на магла.