Саудискиот крал Салман и претседателот на САД, Барак Обама разговараа за стабилноста на пазарот на нафта и кралот вети континуитет во саудиската енергетска политика, изјави неименуван висок претставник на администрацијата на Обама.
Тој наведе дека Обама и кралот Салман не разговарале за сегашните цени на нафтата.
Кралот Салман на средбата со американскиот претседател ветил дека нема да има промена на позицијата на Саудиска Арабија во глобалниот енергетски пазар.
Обама го покренал и прашањето за човековите права во Саудиска Арабија но не посочил конкретни примери.