Исламска држава се закани дека ќе го убие другиот Јапонец и јорданскиот пилот во следните 24 часа.
Во видеозапис, објавен со наслов „Втора јавна порака на Кенџи Гото до неговото семејство и до владата на Јапонија“, јапонскиот новинар држи слика од пилотот и бара помош бидејќи времето за неговата егзекуција изминува.
Автентичноста на снимката засега не е верификувана.
Екстремистичката сунитска организација бара од јорданските затвори да се ослободат 27 терористи, во замена за јапонскиот заложник и за јорданскиот пилот, чиј авион во декември минатата година беше соборен над Сирија.