Британскиот тенисер Енди Мареј се избори за полуфинале на турнирот во Австралија Опен, откако на вториот денешен меч на машкиот дел од турнирот го победи домашниот тенисер Ник Кирјос со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.
Ова е петто полуфинале за Мареј, а има и три финалиња во Мелбурн.
Противник на Мареј во полуфиналето ќе биде Чехот Томаш Бердих кој во првиот денешен дуел беше поуспешен од Рафаел Надал (Шпанија) со 3-0.
Другите две четвртфинални пресметки на терените во Мелбурн се закажани за утре. Двојките се:
Стан Вавринка (Швајцарија) – Кеи Нишикори (Јапонија) и
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Милош Раониќ (Канада).