Русинките Марија Шарапова и Екатерина Макарова ќе играат во првиот полуфинален меч од тенискиот Грен слем Австралија Опен.
Ова е исходот по првите два четвртфинални дуела одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник на кои доминираа руските тенисерки.
Шарапова ја совлада Ежани Бушар (Канада) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2, додека Накарова беше поуспешена од романската тенисерка Симона Халеп со 2-0, по сетови 6:4 и 6:0.
Во преостанатите две четвртфинални пресметки вечер по полноќ се среќаваат:
Серена Вилијамс (САД) – Доминика Чибулкова (Словачка) и
Медисон Кејс (САД) – Венус Вилијамс (САД).