Чешкиот тенисер Томаш Бердих е првиот полуфиналист на Грен слем турнирот Австралија Опен, откако рано утрово го победи Рафаел Надал (Шпанија) со 3-0, во сетови 6:2, 6:0 и 7:6.
Надал беше немоќен да му се спротивстави на разиграниот Бердих, кој само во третиот сет дозволи неизвесност. Во тај-брејкот Чехот беше поуспешен со 7:5.
Противник на Бердих во полуфиналната фаза ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј (В.Британија) – Ник Кирјос (Австралија). Почетокот на овој дуел е во 9 часот и 15 минути.
Другите две четвртфинални пресметки на терените во Мелбурн се закажани за утре:
Стан Вавринка (Швајцарија) – Кеи Нишикори (Јапонија) и
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Милош Раониќ (Канада).