Американското Федерално истражно биро објави дека во Њујорк е уапсен маж под сомнение за шпионажа во корист на Русија.
Евгениј Бурјаков позната како „Жења“ бил приведен во Бронкс. Тој се претставувал како службеник во руска банка. Двајца негови соучесници, кои имале дипломатски имунитет, ги напуштиле САД.
Федералното обвинителство соопшти дека соучесници на Бурјаков биле рускиот трговскиот претставник Игор Споришев и аташето во руската мисија во Обединети нации Виктор Подобниј.
Групата дејствувала од 2012 година и собирала економски информации и врбувала жители на Њујорк.