Неуспешен втор обид за извлекување од морето на трупот на авионот на „Ер Азија“

Од:

Вториот обид за извлекување на трупот од урнатиот авион на „Ер Азија“ од дното на Јаванското Море, заврши без успех, откако се скина јажето кое ги држи балоните за подигнување на леталото.

Портпаролот на индонезиската воена морнарица Манахан Саморангкир изјави дека главниот проблем денеска биле силните морски струења.

Вчерашниот обид за извлекување на остатокот од авионот беше неуспешен бидејќи неколку од балоните пукнале.

Се претпоставува дека во внатрешноста на трупот на авионот се наоѓаат голем број на мртви тела.

Саморангкир истакна дека за време на денешната операција нуркачите извадиле уште едно тело, со што бројот на пронајдените човечки трупови достигна 70. Во авионската несреќа, која се случи на 28 декември минатата година, загинаа 162 патника и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници