СДСМ: Наместо ВМРО-ДПМНЕ да прозива, Груевски да каже со што се пазари со Ахмети

Од:

„Европската комисија констатираше дека „нема објаснување кој проблем треба да го решат уставните амандмани и која е нивната точна потреба“.

Венецијанската комисија изрази стравување дека меѓународната финансиска зона води кон зона на валкани пари во Македонија и дека е тоа спротивно на европските закондавства и пракса.

И покрај тоа Груевски синоќа веќе ја најави првата слободна финансиска зона и тоа среде Скопје.

Овој потег е посебно интерсен ако во јавноста се пласираат информации за несогласувања меѓу коалиционерите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу уставните измени.

Оттаму, наместо ВМРО-ДПМНЕ да прозива, нивниот шеф, Никола Груевски нека каже, со што се пазари, или се испазарил со Али Ахмети“, се вели во писмена реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ