Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска побара од полицијата и Агенцијата за антикорупција да ги избегнуваат судирите и недоразбирањата меѓу овие две институции. Судирот избувна од кога влијателната Агенција против корупцијата соопшти дека за кандидатот за нов шеф на индонезиската полиција генералот Буди Гунаван постојат индиции дека примал мито.
Неколку дена по соопштението на антикорупционерите полицијата го уапси и го држи во притвор вториот човек на Агенцијата Бамбанг Виѓојанто, под обвинение дека во 2010 година дал лажен исказ во процес пред Уставниот суд.
Претседателот Видодо поради искажаната сомнеж на Агенцијата за антикорупција ја одложува инугурацијата на генералот Буди за шеф на полицијата во 250 милионската Индонезија. Тој вчера во резиденцијата во Богор имаше повеќечасовна средба со сегашните први луѓе на двете институции кои сега меѓусобно се обвинуваат, но освен изјавата дека од нив побарал да ги смират тензиите, Видодо не кажа ништо дали е договорено вистинско примирје.