Џон Кери и Мохамад Зариф разговараа во Давос

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа се сретна со иранскиот колега Мохамад Џавад Зариф на маргините на светскиот економски форум во Давос.

Разговорот траел еден час, соопшти американскиот Стејт департмент.

Иранскиот министер за надворешни работи го предупреди американскиот Конгрес да не воведува нови санкции на Техеран, нагласувајќи дека тоа може да ги загрози преговорите за иранската нуклеарна програма.

– Имаме договор што може да доведе до постигнување на сеопфатен договор, изјави Зариф во Давос.

Американскиот Конгрес би можел за неколку недели да почне расправа за можни нови санкции кон Иран.

Претставниците на Иран и светските сили ќе се сретнат во февруари во обид да ги надминат разликите околу нуклеарната програма на Техеран, откако на преговорите во Женева беше постигнат само „ограничувачки“ напредок.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас