Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/8 финалето на Австралија опен. Во дуел од 3. коло, Ѓоковиќ (1-носител) со 3:0 го победи (13) Фернандо Вердаско од Шпанија.
Иако првиот сет најавуваше интересен и неизвесен меч, а истиот го доби Ѓоковиќ во тај-брејкот со 7:6, сепак во наредните два српскиот тенисер доминираше, препуштајќи ,и на Шпанецот седум гема (6:3 и 6:4).
За денот да не мине без изненадување се погрижи Жилс Милер од Луксембург кој го елиминира Американецот Џон Иснер САД(19) во три сета со 7:6, 7:6 и 6:4.
Пласман во осминафиналето од фаворитите обезбедија. минатогодишен победник на АО (4-носител) Станислас Вавринка, Јапонецот Кеи Нишикори (5), Канаѓанецот Раониќ (8) и 12-носител Фелисијано Лопез од Шпанија.