Екипата на Ница го победи Олимпик Марсеј иако натпреварот го заврши со еден играч помалку.
На воведната средба од 22. коло на француската фудбалска Лига 1, одиграна синоќа екипата на Ница која од 54-минута играше без исклучениот Гомис, сепак успеа да му нанесе пораз на второ пласираниот Олимпик Марсеј и тоа со 2:1.
Домаќините поведоа го голот на Жевенис со 47-минута. Само седум минути подоцна Гомис го заработи вториот жолт картон по што Ница до крајот на средбата играше со десетмина фудбалери. Но, тоа не им пречеше на домаќините кои преку Хулт во 73-минута поведоа со 2:0. Поразот на Олимпик Марсеј го ублажи Таувин со голот во 77-минута.
Марсеј кој е во трка за шампионскиот трофеј, ја продолжи низата од шест натпревари на гостински терен без победа.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат денеска и утре, а двојките се: Лил – Монако, Монпеље – Нант, Гингамп – Лориен, Евијан – Тулуз , Бастија – Бордо (сабота), Олимпик Лион – Мец, Рен – Кан, Ремс – Ленс О Сент Етијен – Париз Сен Жермен (недела).
Табела: Олимпик Лион 45 бодови, Олимпик Марсеј 44 (+1 натпревар повеќе), Париз Сен Жермен 41, Сент Етијен 40, Монако 36…