Иран предупреди САД да не воведуваат нови санкции

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф го предупреди американскиот Конгрес да не воведува нови санкции за неговата држава, бидејќи тоа би ги загрозило преговорите за контроверзната нуклеарна програма на Техеран.

-Имаме договор кој би можел да доведе до постигнување сеопфатно решение – рече тој во Давос.

Инаку американскиот Конгрес за неколку недели би требало да започне расправа за можно ново ембарго за Иран.

Претставниците на Иран и големите сили повторно ќе се сретнат во февруари за да се обидат да ги надминат разликите околу нуклеарната програма на Техеран, бидејќи според дипломатите на претходната рунда во Женева е постигнат „ограничен “ напредок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас