А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Невреме со пороен дожд и град во Гевгелиско

by А1он23/01/2015 - 13:51162
Share0

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град, што почна синоќа и се уште трае во пределот на планината Кожуф и населените места Миравци, Милетково и Моин, предизвика големи сообраќајни проблеми, соопшти Зоран Лазаревски од гевгелискиот Центар за управување со кризи.

Добивај вести на вибер

– Излевањето на водата од Серавска река предизвика прекин на сообраќајот на патниот правец Миравци-Милетково, поради што сообраќајот кон Гевгелија е пренасочен преку Удово. Освен штета на околните земјоделски посеви други материјални штети до сега нема, изјави Лазаревски, кој додаде дека отежнато се одвива и сообраќајот од Гевгелија кон Моин поради излевање на Конска река која почна да се повлекува во коритото.

Надојдената вода на Сува река ја поплави пречистителната станица што се гради на реката Вардар.

Според Лазаревски, механизацијата е на терен и прави заштитен насип на пречистителната станица.

– Нивото на водата се уште е високо, но ситуацијата се следи и доколку се наложи ќе бидат преземени вонредни заштитни мерки, рече Лазаревски.

nevreme

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:47

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:45

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он30/08/2025 - 17:2530/08/2025 - 19:10

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Горан Наумовски24/08/2025 - 20:46

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Катерина Ѓуровски05/08/2025 - 13:09

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

Предраг Петровиќ04/08/2025 - 19:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен