Вљубена двојка од местото Скјерњевиц во централна Полска неодамна се обиде да се венча, но неуспешно бидејќи матичарот ги вратил бидејќи биле премногу пијани за да можат да се обврзат на заеднички живот.
Ова им се случува вторпат, по што младоженецот целосно се откажал од венчавката.
Првиот пат дошле со кумовите и со пријатели минатиот викенд на закажаната венчавка, но матичарката Ева Лудвицка оценила дека се премногу пијани.
– Не знам кој од нив двајца беше попијан. Околу нив се ширеше облак на мирис на алкохол. Таа им рекла дека ќе ги венча доколку се согласат полицијата да ги провери со алко-тест и доколку се покаже дека се трезни. На тоа младоженецот и кумот рекле дека попрво ќе се откажат, објаснува Лудвицка.
Венчавката била одложена за понеделникот, но тогаш невестата не можела да стои на нозе. Дошла полицијата со алко-тест и и измерила 3,5 промили алкохол во крвта. Повторно ништо од венчавката.
Завчера младоженецот се појавил и побарал да му биде вратена таксата за неивршената венчавка, објаснувајќи дека се откажуваат.