Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено во источните делови, проследени со засилен јужен ветер и услови за појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од седум до 12 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до девет степени.