Судот во Бостон денеска го одложи почетокот на процесот против Џохар Црнаев, извршителот на бомбашкиот напад за време на Бостонскиот маратон во април 2013 година.
Првично беше предвидено адвокатите и обвинителите да се произнесат на 26 јануари, но судиите оценија дека тоа изборот на поротници ќе трае повеќе од очекуваното. Изборот на поротници почна на 5. јануари и од 1.350 кандидати треба да се изберат 12 основни плус шестмина дополнителни поротници.
На 15 април 2013 година во центарот на Бостон, во близина на целта експлодираа две бомби во интервал од 12 секунди, при што три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени. Истрагата покажа дека извршители на нападот се браќата Тамерлан и Џохар Црнаев. Тамерлан по неколку дена беше убиен во престрелка со полицијата, а Џохар беше повреден и приведен.