ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Од:

Во куќа во САД се пронајдени тела на четири бебиња, јавуваат американските медиуми. Според локалната полиција, едно од телата било пронајдено во замрзнувач.

На 17. ноември, полицијата одговорила на пријава за дом во Јужен Бостон, а моментално не е јасно кој повикал полиција. Полицијата на местото на настанот пронашла „нешто што наликува на човечки фетус или доенче“. Следниот ден, 18 ноември, детективите пронајдоа уште човечки останки, за кои беше утврдено дека се две момчиња и две девојчиња (вклучувајќи го и пронаоѓањето на останките претходниот ден). Еден од нив бил во замрзнувач.

На телата е извршена обдукција, а се чекаат резултатите од обдукцијата, соопшти полицијата. Полицијата не идентификуваше потенцијални осомничени. Детективите за убиства продолжуваат да го истражуваат инцидентот, заедно со канцеларијата на окружниот обвинител на округот Сафолк, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Трипл-дабл на Леброн во триумфот над Бостон