Бомбашот од Бостон Џохар Царнаев доживеа „емотивен слом“ во судницата

Од:

„Бостонскиот бомбаш“ Џохар Царнаев доживеа „емотивен слом„ и плачеше во судницата, откако неговите роднини побараа од американската порота да му биде поштеден животот.

Царнаев кој во текот на целото судење делуваше студено и смирено, се расплака за време на сведочењето на неговата тетка Патимат Сулејманова.Таа самата не успеа да каже повеќе од неколку реченици,затоа што зборуваше силно плачејќи, па судијата во процесот побара тетката на Царнаев да се симне од местото за сведочење за да се смири.

Во тие моменти и „бостонскиот бомбаш„ не можел да ја задржи својата смиреност, постојано бришејќи ги солзите од неговото лице.

Поротата треба да одлучи дали 21 годишниот Царнаев ќе го осуди на смрт, за учеството во терористичкиот напад за време на маратонот во Бостон, во април 2013 година.Во бомбашкиот напад на браќата Царнаев, Чеченци кои се израснати и образувани во САД, беа убиени три лица, а други 264 беа повредени.

Во настојувањето да се избегне смртната казан, одбраната признава дека Џохар кој во тоа време имаше 19 години, бил дел од нападот, но инсистира дека на тоа бил натеран од неговиот постар брат Тамерлан Царнаев, за кого се вели дека самиот го осмислил и го организирал терористичкот напад.

Пред одлуката на поротата, како сведоци се појавија две теки на осудениот и тројца негови братучеди.Сите го опишуваа Џохар како мирно и нежно дете, кое знаело да се расплаче и додека гледа цртна филм, но тврдат дека не се виделе со него уште од времето кога тој како осумгодишно дете дошол од Чеченија во САД.

Неговиот брат Тамерлан Царнаев беше убиен во пресметката со полицијата, откако неколку денови беше во бегство по извршениот напад.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он