Вељаноски упати телеграма со сочувство до пратениците на Хрватскиот Сабор

Од:

Во моменти на споделување на сознанието за загубата на претседателот на Хрватскиот Сабор Борис Шпрем, дозволете, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија да ви упатам изрази на длабоко сочувство.

Тажната вест за починувањето на претседателот Шпрем ја примив со длабоко жалење. Со колегата Шпрем во март годинава, во рамките на неговата официјална посета на Република Македонија, која беше меѓу првите откако стапи на функцијата претседател на Хрватскиот Сабор, имав можност да разменам мислења и видувања за состојбите во нашите држави. Тогаш, заедно го констатиравме високото ниво на соработка и добри односи меѓу нашите држави како од парламентарен аспект, така и севкупно, како две пријателски држави кои немаат отворени прашања и кои постојано си даваат силна взаемна поддршка во нивниот развој.

Јасниот и принципиелен став на колегата Шпрем во однос на евро-атлантскиот интегративен процес на Република Македонија и неговото потенцирање дека Република Македонија одамна има заслужено да биде членка на НАТО и да ги отпочне преговорите со Европската унија, ги примив со големо задоволство.

Во моменти на жалост за загуба на пријател и колега, утехата ја наоѓаме во сеќавањата на заеднички поминати мигови, убави и плодни средби во насока на унапредување на односите на двете држави, како и во неговата богата политичка и професионална биографија кои укажуваат на силна подготвеност за вложување и придонес за сопствената држава и нејзините граѓани.

Зборовите кои заслужуваат почит, добрите дела и примери кои треба да се следат во општественото и политичко делување, остануваат да говорат за претседателот на Хрватскиот Сабор, Борис Шпрем.

Нека му е вечна слава!

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Снег паѓа во северозападна Хрватска

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година