Индонезија не ја укинува смртната казна за наркодилерите

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо категорично ги одби барањата на Обединетите Нации, голем број меѓународни организации за човекови права и повеќе држави, за суспендирање на извршувањето на смртната казна.

Видодо денеска во говор што го одржа пред поголема група исламски проповедници рече дека ќе ги почитува до крај законите, најмногу поради тоа што показателите за Индонезија од над 4,5 милиони зависници и околу 50 жртви на прекумерно земање дрога дневно, се повеќе од доволни државата да нема милост кон препродавачите на наркотици чии недела се докажани.

Поради егзекуција на нивни државјани, Бразил и Холандија минатата недела ги повлекоа своите амбасадори од Џакарта. За милост за двајца австралиски државјани, кои чекаат во „редот на смртта’’ меѓу 46 осуденици со најтешката казна, вчера јавно се заложи и австралискиот премиер Тони Абот.

Абот, меѓутоа, не предидува заладување на дипломатските односи, ако казната, сепак, биде извршена.

Канцеларијата на Обединетите Нации во Џакарта денеска со соопштение побара Индонезија да ја почитува Конвенцијата за човекови и политички права, чиј потписник е и таа и да биде милозлива кон осудениците на смрт.

Одлучноста на претседателот Видодо да ги одбие барањата за помилување ја поздрави и индонезискиот Парламент. Во неговото соопштение се нагласува дека за најмалку 1,2 милиони зависници од дрога нема шанси за рехабилитација и дека Индонезија треба да направи се да не биде на врвот на светската листа по смртни случаи како последица на употреба на наркотици.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници