Односите на двалцата напаѓачи на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ и Едисон Кавани се влошени до тој степен што еден од нив на крајот на сезоната ќе мора да го напушти клубот, тврди денешен „Л’Екип“.
– Нетрпеливоста меѓу двете ѕвезди на францускиот шампион е толку голема што не е возможно со нив двајца во тимот да се прават планови за поголеми резултати. Неизбежно е еден од нив на лето да си оди од ПСЖ, објави францускиот дневен весник.
Според прогнозите, поблиску до излезната врата на ПСЖ е Уругваецот поради желбата на Манчестер Јунајтед, токму Кавани да го замени Колумбиецот Радамел Фалкао.