ФОТО: Илир Мета го посети Ахмети во болница

Од:

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, кој беше полесно поврден во сообраќајка што се случила утрово околу 10 часот и 10 минути на патот Тетово-Гостивар и е задржан на лекување во болница, денеска беше посетен од претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета.

На фејсбук Ахмети им се заблагодари на сите пријатели за убавите зборови и желбите за побрзо оздравување.

aliBolnica

„Се сретнав со мојот стар пријател, претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, иако во поинакви околности од оние во кои сме навикнати да се гледаме. Во благодарам на сите за добрите намери и ви посакувам се најдобро вам и на вашите најблиски“, напиша Ахмети.

Блиндираното „ауди“ со кое се возел лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово удрило во наплатната рампа на автопатот Гостивар-Тетово. Покрај Ахмети, повреден е и неговиот возач.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања