Бактерија го намалува ризикот од мултиплекс склероза

Од:

Жените кај кои е присутна бактеријата Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori) имаат помал ризик од заболување од мултиплекс склероза, објавија австралиски научници.

Итражувањето спроведено на универзитетот Западна Австралија со учество на 849 лица го објави списанието „Journal of Neurology, Neourosurgery and Psychiatry“.

Хеликобактер пилори е откриена во 1982 година, а предизвикува над 90 проценти од чиревите на дванаесетпалачното црево и до 80 проценти од чиревите на желудникот. Се проценува дека половина од светската популација има Хеликобактер пилори, но нејзината преваленција е значително помала во развиените земји.

Според новите податоци 14 проценти од жените со мултиплекс склероза имале Хеликобатер пилори, наспроти 22 посто здрави испитанции од контролната група. Кај пациентките со Хеликобактер пилори исто така бил почест поблагиот облик на мултиплекс склероза.

Истражувачите не ја отфрлиле точната природа на врската на присутност на Хеликобатер пилори и заболување од мултиплекс склероза ниту зошто оваа појава била присутна само кај жените.

Според нив, постои можност инфекциите во детството да можат да го намалат ризикот за заболување од мултиплекс склероза во возрасна доба.

Мултиплекс склерозата е бавно напредувачка болест на централниот нервен систем која ја карактеизира губење на масата во мозокот и рбетниот мозок, што резултира со различни невролошки симптоми и знаци.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он