Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, на планините со слаб снег. По котлините ќе има магла и ниска облачност, а во некои котлини со намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од четири до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко, претпладне со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до седум степени.
До утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. По котлините ќе има појава на магла. Утре кон крајот на денот и за време на викендот земјава ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со врнежи од дожд.
Пообилни врнежи од дожд се очекуваат в петок кога локално ќе дува и засилен јужен ветер. Од недела ќе се спушта постудена маса од север која во ноќта кон понеделник ќе услови врнежите од дожд на некои места да поминуваат во снег.