Индонезија се уште нема доволно закони за спречување на исламскиот радикализам

Од:

Влијателниот Институт за политичка анализа на конфликтите од Џакарта денеска соопшти дека на Индонезија и се потребни повеќе законски мерки за сузбивање на исламскиот радикализам во државата. Од оваа 250 милионска држава, со најбројна муслиманска популација, на боиштата во Ирак и Сирија се регистрирани најмалку 500 борци на страната на ИД, а освен заканата дека ќе им бидат одземени пасошите сегашните закони не предвидуваат санкции.

Аналитичарите во Индонезија се плашат дека сегашните учесници во борбите во Исламската држава по враќањето дома ќе се обидат да ги шират идеите за калифат и во нивната држава. Иако официјално е забрането пропагирањето на идеите на Исламската држава во Индонезија, екстремни радикали од редовите на исламскиот клер не се воздржуваат да ги величаат „идеалите’’ за кои вреди да се жртвува животот.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо се уште не изнел свој категоричен став околу потребата за донесување на построги закони за санкционирање на исламскиот радикализам. Познавачите на неговиот стил на работа сметаат дека од кабинетот на Видодо наскоро ќе излезат законски решенија и голема кампања за осуда на овој вид радикализам.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници