Во главниот град на Индонезија Џакарта се уапсени петмина полициски офицери кои тргувале со наркотици. Двајца од нив, според важечкиот закон, се соочуваат со можност да бидат осудени на смрт, бидејки кај нив се пронајдени 9.700 пилули екстази и над 800 грама метамфетамин.
Ова не е редок случај полицајците во Индонезија да се вклучуваат во нарко бизнисот. Минатата година биле уапсени 19, а во 2013 година 13 полицајци за кои е докажано дека препродавале дрога. Тие се дел од 4.933 случаи на откривање на препродавачи на дрога во последните години. На рехабилитација поради користење дроги во моментов се стотина полицајци, од кои 39 се од Џакарта.
Индонезија во последниве десет години стана држава во која над 50 насто од вкупниот нарко бизнис во југоисточна Азија се одвива на нејзина територија, а во државата како последица од предозирање дневно во просек умираат 50 лица.